Постои општо верување дека снаите и свекрвите не се согласуваат. Колку и да постојат исклучоци од ова, сепак, на оваа сметка се направени безброј шеги.
Колку и да е вашата свекрва неподнослива, надмена и арогантна, некои работи не смеете никогаш да ѝ ги кажете в лице, пред сè заради вас, вашиот сопруг и вашиот брак.
Дури 1/10 од жените, воопшто не комуницираат со нивната свекрва за да ги избегнат честите расправања, а најголем повод за проблеми е нејзиното вмешување во воспитувањето на децата.
Никогаш немојте да си ги сфаќате при срце коментарите упатени кон вас од вашата свекрва. Некои свекрви никогаш не би се задоволиле со изборот на нивниот син на жената на неговиот живот.