Видеото ги прикажува најуспешните креации и иновации на нивните инженери, кои се трансформираат во рацете, од една форма во друга, од мотори и автомобили – во роботи и авиони.
Оние кои носат мохавк фризури секогаш се издвојуваат од останатите со својот имиџ, но кога таквата фирзура е претворена во билборд, тогаш нејзината атрактивност е многукратно зголемена.
Факт е дека сме опкружени со електронски уреди заради кои во секојдневието е намалена потребата од употреба на хартија. Сепак, во некои ситуации, таа е незаменлива. Оваа забавна реклама го покажува тоа. :)
Постои ли подобар начин за промовирање на туризмот на една држава, од употребата на овие неверојатно слатки шетландски пони кончиња како главни лица за реклама?
Без да посегнуваат по контроверзни теми кои предизвикуваат сензационализам и разни забрани за емитување, оние кои ја направиле рекламата на компанијата за обувки Скечерс, успеале одлично да ја завршат својата работа.
Весникот „Mumbai Mirror“ нашол совршено место за реклама на популарниот бренд „Лакост“. Ја сместил веднаш до веста „15.000 крокодили избегале од фарма во Јужна Африка“.
Ова е една од ретките реклами, кои не би ве изнервирале доколку додека гледате филм на некој од домашните телевизиски канали, наеднаш ви го прекинат на најинтересната сцена и направат ЕПП пауза. :)