Кога ќе почнат да се појавуваат проблеми во нашите односи со другите, првиот совет што ни го даваат нашите блиски е да ги намалиме очекувањата од другите...
Некои од разочарувањата се помали, а други поголеми, но како и да е, тие влијаат на вашите односи со семејството, вашите финансии, здравјето и довербата.
Во животот секогаш постојат падови и подеми. Еднаш сте на врвот, друг пат ве газат. Како и да го живеете животот, секогаш ќе постојат состојби, луѓе и случувања кои ќе ве разочаруваат.