Совршени речиси за секаква должина на вашата коса и за секаква пригода, се чини дека пунџите не излегуваат од мода. Еве некои интересни идеи за фризури кои би можеле да ги примените.
Одењето во салон бара време и средства, кои не сме сите во можност секојдневно да ги одвојуваме, а сепак сите сакаме да изгледаме убаво, привлечно и секогаш со средена фризура.
Капите и шеширите повторно се во тренд, а сите оние кои го сакаат овој моден додаток добро знаат дека тие се голем непријател на косата. Никој не сака сплескана коса, шишки залепени за чело или наелектризирани влакна.
Репчињата и пунџите се супер избор за летно време, но можат да ви здосадат. Земете инспирација од следниве модни трендови во секојдневното стилизирање на вашата коса.