Ова е идеална летна фризура – ја држи косата прибрана, дава тренди и опуштен изглед, и не треба да се грижите за неа во текот на денот. Ќе остане одлична со часови откако ќе ја направите.
Стилистката Миша Џи ќе ви покаже 3 кул начини да ја заврзете вашата коса со марама: врзување на спуштена коса како венче, вртена околу високо кренато странично опавче или врзана како машничка на фризруа со пунџа.
Аксесоарите за коса лесно можат и на наједноставната фризура да ѝ дадат сосема поинаков изглед. Тоа правило најмногу важи за машните за коса, кои може да ги носите на секаква коса.