Пролетта пристигна, а пролетните трендови веќе се тука. Модните гиганти како Валентино и Диор веќе ги презентираа парчињата што мораме да ги имаме оваа сезона.
Оваа година на модните писти во Париз, во колекцијата на Нина Ричи можеа да се забележат женствени модели за сите типови девојки, започнувајќи од нежни пастелни бои, па сè до силни и храбри нијанси.