Велат дека постарите знаат најдобро, а следниве мудри зборови, кои не за џабе со децении наназад се пренесуваат од колено на колено, го докажуваат токму тоа.
Дали во облик на совети од постарите или клише изрази од некој филм, постојат многу работи кои милион пати поминуваат низ нашите уши, но на кои не посветуваме внимание. Факт е дека некои работи навистина држат вода.
Да, неретко ќе искусите груби критики на ваша сметка, ќе се обидувате секому да му се допаднете, но никогаш нема да успеете во тоа, па еве зошто не треба да се преокупирате со тоа што другите мислат или велат за вас.