Беше голем хит во текот на 90-тите години, а оваа сезона повторно станува актуелен. Овој принт го сакаа сите, а ова лето повторно ќе биде на модната сцена.
Ако ви требаат идеи како да ја носите старата маица со принт, погледнете ги овие фотографии што ќе ве инспирираат како да ја комбинирате вашата облека.
Поиграјте си со вашите комбинации и бидете подготвени веднаш штом животот ќе се врати во нормала. Според модните експерти, цветните принтови ќе се носат постојано.
Еднобојната облека никогаш не излегува од мода, но некогаш треба да ја разбиете монотонијата со интересни принтови што имаат многу пооригинален изглед од монохроматските комбинации.
Оваа сезона карираниот дезен се врати во мода и освои многу дами. Овој принт ќе го направи секој аутфит попривлечен и позабавен. Затоа, на овој тренд тешко ќе му одолеете.