Некогаш многу одамна, момите излегувале на сред село, да наполнат вода во бардето, и така си се бендисувале со момчињата (исто како во приказните). Убавини. Селски носии, марама околу главата и цвет над увото. Природа. Само лицето ѝ го гледа и се заљубува...
Најголемото наследство кое една баба може да ѝ го остави на својата внука не е ни накитот ни парите, туку приказните за добра ноќ. Ништо не е вечно на овој свет, освен луѓето кои заслужиле да не бидат заборавени.
Со сета таа прашина околу тој фамозен принц, помислувам, зошто мора да е принцот? Зошто девојчињата уште како мали не сонуваат дека Тарзан, на пример, е нивниот иден совршен маж? Само затоа што се шетка гол низ џунглата?