Дали е убавината всушност во очите на тој што ве гледа? Да, но и во носот и во ушите. Новите истражувања откриваат дека се работи за целиот пакет од сетилни доживувања.
Привлечноста е нешто за коешто не би требало да се разговара многу. Секој од нас си има критериуми според кои одредува дали му се допаѓа некоја личност.