Без разлика дали верувате или не во претскажување на иднината, следниве вистински приказни навистина ќе ве натераат да се запрашате дали можеби некои луѓе навистина ја имаат оваа способност.
Денес претскажувањето на иднината обично вклучува тарот карти, читање од дланка, или пак хороскоп. Овие модерни техники не се ништо во споредба со она што се случувало во минатото.
Сигурно сте чуле за Нострадамус и Баба Ванѓа и нивните пророштва, но тие не се единствените за кои се верувало дека можат да ги предвидат идните случувања.
Секој човек располага со натприродни телепатски способности. Според најновите научни истражувања, тие способности се наследни. За жал, многу луѓе не се свесни дека ги имаат.