Многу често сме се наоѓале во ситуација да мислиме дека некоја работа која требало да ја сработиме е готова, но кога ќе дојде претпоставениот или тој/таа што ни ја има дадено задачата, ни кажуваат дека и не е баш завршена.
„Како и секогаш, у 5 за 12 ми рекоа да го средам документот“, „е стварно не можам да работам под притисок“, „цела работа ја направив тип-топ и едно фала не може да каже!“, „значи што и да направам пак сум у грешка“...
Дури и ако сте многу добри во работата, таа може да ви стане рутинска и досадна или пак, можеби сакате да се докажете дека сте одлични на работното место за да имате повод да побарате покачување. Еве неколку мудри совети...