Дали некогаш сте читале книга која на почетокот ви се чини дека е сосема нормална, но во еден момент ќе ве извади од памет со комплицираниот пресврт и чудесниот крај?
Во момент на најголемата животна пресвртница, збунетост и изгубеност, Маурисио Естреја се сетил на советот од својот поранешен шеф – избрал нова лозинка за да си го промени животот. И успеал...
Книга за неколку животни приказни испреплетени со милион мали случајности кои на крајот откриваат една гола вистина – и најмалата одлука може да влијае и да ни го обликува животниот пат.