Тие се неудобни, но сакале или нејќеле, без нив не можеме никаде да излеземе. Секоја жена добро ги знае овие маки и веројатно секој ден се соочува со нив.
Нашите промени нека започнат со она најосновното во животот на секоја жена – долната облека. Ова се пет можни решенија за во новата година кои сигурно ќе ви помогнат и ќе придонесат за подолг живот на вашата долна облека.
Костимот за капење ви е од пред две сезони. Без паника! Излезете в град и барајте костим за капење кој е хит за оваа сезона, додека истовремено одговара на вашиот стил и градба на телото.