Жените често прашуваат „На што мислиш сега?“, но на мажите не им е секогаш лесно да го споделат своето размислување на глас. Тоа не е затоа што чуваат тајни, туку затоа што имаат љубов и почит кон жените во своите животи.
Клучот за квалитетна врска и успешен брак е искреноста. Сепак, постојат одредени работи за кои дури е пожелно да премолчите за да си направите услуга и себеси и на партнерот.
Жените имаат склоност некои работи да им ги премолчуваат на своите партнери. Меѓутоа, секоја врска мора да се темели на искреност, па макар и на моменти таа да е непријатна.