„Животот е како цртеж без гума. Постојано цртаме со моливот на судбината, засенчувајќи со спомените на веќе заборавените времиња, боејќи со боите на заминатите денови и четките на годините.“
Со својот уникатен талент, тие ги забавуваат граѓаните кои живеат или се во посета на градот. Некои се занимаваат со тоа за да преживеат, а други се вработени, но сакаат да настапуваат на улиците и да го прават светот поубав.
Дојди, дојди со мене. Нежно склопи ги очите. Ќе те однесам онаму каде животот е бајка.
Подај рака, допри ме. Чувствуваш? Скокаме по облаците, живееме во висините, во синилата.
Чекајќи те, моето срце вришти од возбуда. Моето срце, малечко, но со многу љубов во него, сака само да допре до твоето. Пеперутки низ стомакот, волшепство, бајка, ноќ, која штотуку започнува. Твојот лик, моја храна...
Еј ти, патнику, надалеку што одиш, знам не можеш со себе да ме водиш во заборав, каде го нема тој лик, каде ќе излечам срце за миг, каде таа насмевка нема да ме пече, тој поглед длабок нема да ме сече..
Во бел фустан, кој и ја оцртуваше контурата, грациозно танцуваше на „Лебедово Езеро“. Газеше по темниот под, како чиниш, по облаци. Сè се затемни. Само едно мало светло остана да ја придружува на сцената.
Мостот Голден Гејт бил најдолгиот висечки мост во светот кога завршила изградбата во 1937 година. Со тоа станал еден од најпознатите меѓународни признати симболи на Сан Франциско, Калифорнија, па и на САД.