Нормално е тоа што сакате да се сокриете од светот кога ќе поминете низ тежок период, но наместо тоа, таквото искуство би требало да го искористите и да научите од него.
Многу е важно да умееме да ги цениме тешките времиња и да ги сфатиме како неопходен дел од сечиј живот, коишто заедно со убавите моменти ја сочинуваат рамнотежата во животот.
Доколку се наоѓате во тежок период од вашиот живот, прочитајте ги следниве неколку цитати кои говорат за тоа колку е убав животот дури и во најстрашното невреме.