Јако кафе, само што сварено, сервирано во шолја од кафе-зрна. За оваа работна недела ви предлагаме јака стимулација со позадина која ќе ве одржува будни во текот на целиот ден.
Оваа недела, нашиот избор за десктоп позадина ќе им се допадне на љубителите на кафето кои преферираат овој магичен пијалак да го пијат во комбинација со малку млеко.
Нова работна недела, нови предизвици, нова потрага по инспирација. За сето ова, потребен е бистар ум и енергија. Не заборавајте да правите кафе пауза. Еве нешто што ќе ви помогне во тоа.