Традиционална десктоп позадина која не потсетува на мирисот и вкусот кои ги има кафето доколку се приготви веднаш откако е сомелено. Нема поинтензивен мирис на кафето од овој.
Густо еспресо на едната страна, чиста кафена подлога за вашите икони на другата... Љубителите на кафето и на боите на кафето сигурно ќе уживаат во оваа десктоп-позадина. Ќе ви овозможи уредност и естетика на работната површина.
Завршете ја годината со чисти мисли и без задачи кои висат во воздух за во 2011. Просторот од левата страна на позадината е голем и чист. Потрудете се таков да остане што подолго и во следната година.
Оваа слика на вашиот монитор ќе ви предизвикува возбуда и истовремено ќе ви дава енергија. Комбинација е од двете работи во кои најмногу уживате, прекрасното голо женско тело и кафето.
Естетска кафе-позадина за љубителите на убавото... Вашиот омилен пијалак секогаш го сакате убаво сервиран, разблажен со млеко и засладен со неколку чоколадни бонбони кои ги чувате за после последната голтка.
Чисто филтер кафе, елегантно послужено, придружено со есенско ливче... Сосема соодветно за сезонава и вистински избор за љубителите на филтер кафе, без додатоци.
Ви треба јакиот мирис и вкус на онаа густа магична напивка за да ви го разбуди умот и да ви ги држи мислите свежи. - Вие сте за турско кафе, а веројатно ќе уживате и во оваа декстоп позадина...
Спој од уметност, креативност, нежност и несреденост ја одликува десктоп позадината што ја избравме за оваа недела. Би била добар избор за луѓето кои се занимаваат со креативна работа...
Зрна кафе, коцки шеќер и темна позадина која ќе ви дозволи едноставно лоцирање на иконите - одличен контраст кој совршено ќе „легне“ на вашата десктоп позадина оваа недела.