Разменети насмевки, дискретни допири, невин флерт помеѓу двајца во толпата... Две енергии, две посакувања, две страсти... Филмот започна да се снима, а сценариото допрва ќе се пишува.
И после сè, ние сме само силуета, фигура од кал осудена да живее на два света, живееме чекорејќи на сите страни, горди на себе, прикривајќи ги своите мани.
Еј ти, патнику, надалеку што одиш, знам не можеш со себе да ме водиш во заборав, каде го нема тој лик, каде ќе излечам срце за миг, каде таа насмевка нема да ме пече, тој поглед длабок нема да ме сече..
Зошто бегаш, зарем не сфаќаш? Гледаш, но не забележуваш. Јас стојам пред тебе, а ти ме бараш.
Ме гледаш и се уште ме бараш, а не веруваш дека постојам.
Јас не заминав, зашто знам дека ќе се вратиш, зашто одиш бесцелно, бегаш од себе.
Но патот по кој одиш е круг, пак ќе ме сретнеш. Тогаш запри, застани, погледни...
Парче сон ти подарувам. Парче од мојот сон, како парче чоколадна торта. Не ти се верува? Се радуваш и се сомневаш. Премногу шлаг? Таква сум. Морам да ја доукрасам суштината да не ја разголам премногу вистината.