Пролетните ноќи раѓаат незаборав, ја појат душата и очите. Шепотат... таму некаде под ѕвезденото небо
блеска чиста љубов посеана, опива мирисот од сочните бакнежи.
Повторно истите исцрпувачки мисли кои го окупираат мојот мозок. Повторно истата мелодија според која чука моето срце. Повторно истата тага и меланхолија. Јас сум истата, на истото место, во истото време.
Боли кога ќе поминеш покрај мене и ме оставаш без здив, боли кога си студен и не си повеќе Ти...
Боли кога ми даваш лажна надеж, боли зашто подоцна знам, се каеш.
Талкам, мечтаејќи по Тебе. Не, не се уморив да се уништувам себе. И, не знам која есен е по ред, одамна јас престанав да ги бројам годините. Ти си запишан во моето срце, и твоето место не е во спомените!
Разменети насмевки, дискретни допири, невин флерт помеѓу двајца во толпата... Две енергии, две посакувања, две страсти... Филмот започна да се снима, а сценариото допрва ќе се пишува.