Нејасен зрак кој продира во најраните утрински часови, те повикува како во далечен недопирлив сон, и трча пред тебе, а ти неосетно почнуваш да го следиш...
Нема посовршен ден од денес. За нови почетоци и нови луѓе.
Но, нека започне денот со старите навики. Кафе, цигара и благо. И сонце. Под него, секој има свое место.
Се сеќаваш ли, на песната од мојата музичка кутија? Секоја ноќ, ја отворав... и срцево почнуваше да крвари. А се сеќаваш ли како игравме? Ти ми ставаше цвет во косата...
Кога соновите се одамна почнати, кога низ прозорецот ѕирка испрекината светлина од уличната сијалица, кога дождот непрестајно удира во лимениот олук...
Ја смени продолжувајќи да го прави истото, затоа што му е важно да ѝ го разубави животот, но правејќи го тоа поинаку... Допирајќи најнапред само еден детаљ, нејзиното срце.
Неговите дела се проткајани со облик на љубов кој е истовремено и најчист и несовршен, ослободени од секаков стереотип, од секаков бесмислен товар кој може да ја спречи да го најде својот пат. Повелете 25 кратки дози од неговата уметност и уживајте.
Толку се гласни дождливите капки, кои удираат на површината, па се топат и тонат во мекоста на земјата... Се мешаат мириси на две тела некаде во дамнешни соништа, во најдлабоката бездна која не го чувствува својот крај...