Отекувањето на очите е чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Постојат многу различни причини за создавањето на темните кругови, но постојат и многу решенија.
Шминката знае да биде најдобриот пријател на жената кога тоа ѝ е најпотребно. Токму затоа, малите трикови кои би помогнале таа да изгледа што е можно поблиску до совршеното се секогаш добредојдени.
За среќа, покрај со шминка, подочниците можете многу едноставно и ефикасно да ги елиминирате со помош на евтина паста која можете да ја подготвите сами.
Професионалниот шминкер Реми Гафни предлага еден нов, генијален и креативен трик кој тврди дека ги намалува подочниците, а секој може да си го направи дома. Потребни ви се само кујнска алуминиумска фолија и ножици.