Колку пати досега сте си рекле: Е ова е најдоброто што можев да го направам. Или колку пати сте слушнале некој да ви каже: Ова е најдоброто што можев да го направам. Но, дали е тоа доволно и дали е тоа навистина така?
Наместо да седите пасивно и да го чекате тоа „утре“ кое никако не доаѓа, земете ги работите во ваши раце, бидете самите водачи на вашите животи и чекорете кон подобра верзија од себеси.