Без разлика дали навистина верувате што ѕвездите имаат да кажат за вашиот живот, или едноставно сакате да се забавувате читајќи го својот неделен хороскоп, во астрологијата постојат многу повеќе работи отколку што луѓето мислат.
Вашиот подзнак во хороскоп ја покажува вашата надворешна страна, влијае на првиот впечаток кој луѓето го добиваат за вас, на вашата дружељубивост и на начинот на кој вие ги доживувате и се поврзувате со другите.
Подзнакот го претставува вашето надворешно лице кое го покажувате пред светот. Понекогаш може да има улога на заштитна маска, со која сакате да сокриете некој аспект од вашето „внатрешно јас“.