Албер Ками е роден на 7 ноември 1913-та година, а починал на 4 јануари 1960. Тој е француски автор, филозоф и добитник на Нобеловата награда за литература во 1957.
Венко Андоновски е македонски писател, раскажувач, романсиер, драмски автор, поет, есеист и книжевен теоретичар. Роден е на 30 мај 1964-та година во Куманово.
Јас и пишаниот збор сме одличен пар. Знаеме да направиме договор, да имаме разбирање. Некој некаде запишал: „Носи го стариот капут, но купи си нова книга“. Но, која девојка не би сакала нов капут секоја сезона!?
„Човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева. Така барем ништо не може да го изненади...“.