Можете да правите безброј тестови на личноста, а можете и само да застанете пред огледало да го видите вашиот патец на косата и да откриете многу за вашиот карактер.
Ако никако не можете да излезете на крај со вашата коса, решението можеби не е во потстрижувањето и новата фризура, туку во промена на начинот на кој го носите патецот.
Капите и шеширите повторно се во тренд, а сите оние кои го сакаат овој моден додаток добро знаат дека тие се голем непријател на косата. Никој не сака сплескана коса, шишки залепени за чело или наелектризирани влакна.