Ако сте млад човек, тогаш големи се шансите да немате многу пари во џебот. Многу е фрустрирачки, но не е крај на светот. Ова се дваесет причини кои го докажуваат тоа.
Многу луѓе имаат контроверзен, па и негативен став кон парите, истовремено ги сакаат и ги сметаат за неопходни, додека од друга страна сметаат дека парите ги расипуваат луѓето. Затоа и луѓето немаат онолку пари колку што им се потребни.
Животот не е класично училиште каде што треба да научите за да го положите тестот. Најчесто е обратно и затоа постои изреката: Само животот прво ти го дава тестот, па после знаењето.
Знаеме дека немате пари затоа што сте млади и невработени или млади и несоодветно платени. Парите никогаш не стигнуваат за сè, првенствено заради такви причини, но и поради оние кои следуваат а често се занемаруваат како неважни.