Ако ви е доста од деновите поминати во тренерки или хеланки, а фармерките сè уште не изгледаат како удобен секојдневен избор, време е за „Dad’s pants“ - модел кој наскоро ќе биде многу тренди.
Високите температури ќе ве мотивираат да се фокусирате на широката и удобна летна гардероба. Удобни и женствени, широките панталони се покажаа како одличен избор во сите комбинации.
Оваа сезона ќе се носат интересни модели на панталони и здолништа со различна должина, а секоја жена ќе може да најде нешто што одговара на нејзиниот стил.
Освен тоа што секоја жена изгледа одлично во нив, тие се и многу удобни. Овој модел е вистинска добитна комбинација. Во нив, вишокот килограми ќе биде помалку видлив, а нозете ќе изгледаат повитки.
Понекогаш е потребен само еден мал, но неочекуван детаљ, за вашата комбинација да изгледа поинтересно и поразлично, а тоа ќе го направите без премногу напор.