Тешко е да си висока девојка во денешно време. Но, иако постојат многу проблеми низ кои поминувате, вие сепак имате предност во модата пред ниските девојки.
Ги превртуваме плакарите, одиме на шопинг и ги следиме светските модни сцени. Црпиме идеи, но некогаш инспирацијата не ни доаѓа. Затоа подготвивме 13 предлози кои ќе ги свртат сите погледи кон вас.
Комбинациите со силни бои некогаш можат и да станат здодевни, затоа убаво е одвреме-навреме да направиме неколку минималистички комбинации. Голем дел од модата оваа сезона се концентрира на црно-белите комбинации.
Фармерките се одличен начин да изгледате убаво, а сепак да ви биде удобно во текот на зимските месеци. Можат да направат да изгледате и секси и слатко.
Ова е палто кое секоја девојка треба да го има. Поради црната боја е соодветно за секакви прилики, а поради класичниот стил може да се претопи со кое било друго парче.
Есента и зимата се најпознати по палтата и капутите. Не само што нѐ одржуваат стоплени и изолирани од лудото време туку се и важен дел од целокупниот изглед.
Оделото, доколку е соодветно искомбинирано, има моќ да го трансформира вашиот стил и да ве натера да се запрашате како сте можеле да живеете толку долго без него.
Може да ви делува просто: има копчиња, има отвори, па што е тогаш филозофијата на закопчувањето? Но, има неколку правила кои треба ги земете предвид кога одлучувате да носите спортско или елегантно палто.