Добра вест е што против прекумерното опаѓање на косата можете да се изборите сами и тоа по природен пат. Направете домашен шампон базиран на еден куп лековити билки, кој лесно можете да го подготвите дома.
Не мора да паничите и да трчате кај вашиот фризер за помош. Можете сами да направите природни препарати од состојки кои ќе ги најдете во вашата кујна и на тој начин да го спречите опаѓањето на косата.
Секоја жена посакува да има цврста и густа коса, но дерматолозите забележуваат дека во последните десетина години голем број жени се жалат за опаѓање на косата уште во помладите години.