Задолжително високи потпетици или секогаш балетанки? Оксфордки или незаменливите чизми? Кои тип чевли се вашите омилени обувки? Тие сепак говорат нешто за карактерот.
Летото одамна заврши и време е да се препуштиме на постуденото време и потоплата облека. Џемпери во разни бои, интересни капути и јакни и чизмите до глужд се меѓу главните карактеристични парчиња за есен.
Често се прашувате: „Дали може мене ова да ми успее“ (да) „Дали оксфордките се само за мажите?“ (секако дека не) и „Дали патиките треба да си останат само во салата за вежбање?“ (не). Ова е решението на вашите дилеми.
Оксфордките на вашиот изглед му даваат класична, софистицирана нота, и се одлични за есенските денови. Погледнете со кои парчиња облека ваквите чевли најмногу одговараат.
Оксфордките за првпат биле претставени на почетокот на 19 век во Шкотска и Ирска, но во последно време прават вистински бум во модата. Оригинално биле произведувани од кожа, но денес ги има во безброј модели и дезени...