Дојди, дојди со мене. Нежно склопи ги очите. Ќе те однесам онаму каде животот е бајка.
Подај рака, допри ме. Чувствуваш? Скокаме по облаците, живееме во висините, во синилата.
Мирисот на жештината, блесокот на сонцето, одблесокот на сончевите зраци во водата, раззеленетите паркови, расцветаните градини, секси здолништа, апостолки што шлапкаат по асфалтите и дигаат прав по песочните плажи...
Небото недопрено од човечка рака, извајано од разните форми на облаците кои ја менуваат бојата благодарение на сонцето кое заоѓа, е само уште една од листата омилени работи за фотографирање.