Со првите топли сончеви зраци се охрабривме да се ослободиме од темните хулахопки и тесните панталони, но нозете, што ни биле скриени со месеци, не се подготвени за изложување на сонце.
Факт е дека жените сонуваат за манекенска линија, тесни колкови и убаво обликувани, тенки нозе, иако машката дефиниција за женската убавина е сосема поинаква.