Традиционалната зимска претстава во која играа околу 300 ученици, беше изведена во МОБ. Во холот се продаваа и божиќни декорации, а собраните сретства ќе бидат наменети за СОС детското село.
Ноќта на вештерките традиционално се одбележува и во Скопје, во меѓународното училиште НОВА, каде учениците учествуваат на голем маскенбал и се претвораат во своите идоли, алтер-ега или ликови кои им се допаѓаат.
Меѓународното училиште НОВА завчера (19 октомври) потпиша меморандум за соработка со Италијанската амбасада и институтот „Данте Алигиери“ со кој во оваа образовна институција почна да се изучува италијанскиот на ниво на мајчин јазик.
Меѓународните училишта НОВА, како едно од 19-те меѓународни училишта од централна и источна Европа членки на CEESA, на своите ученици им овозможуваат учество на меѓународни спортски натпревари во повеќе спортови како фудбал, кошарка, одбојка, пливање, тенис и софтбол.