Како го пиете вашето кафе? Со повеќе кафе, со помалку шеќер, со малку вода и многу млеко или со пола-пола? Без пена, со пена, со јака кафена боја или со млеко во кое има малку растворено кафе?
Палетата на бои кои најдобро ви прилегаат, ја определува комбинацијата од бојата на вашите очи, коса и тен. Постои една стара студија за боите кои најдобро им стојат на луѓето, а се нарекува сезонска анализа на бои.