Се случува, неретко, некои работи да не ги разбереме кај другите. Се случува, неретко, некои работи другите да не ги разберат кај нас. И токму поради тоа неразбирање, настануваат проблеми или недоразбирања.
Многу кавги помеѓу паровите потекнуваат од недоразбирања поради различниот стил на комуницирање. На пр., жените сакаат да разговараат за проблемите, а мажите мислат дека од нив се очекува да најдат решение.