Ако сакате да откриете што мисли некоја личност, важно е да обрнете внимание на нејзините раце, глас, напнатост, насмевка и, пред сè, на контекстот на ситуацијата во која се наоѓате.
Говорот на телото има огромен удел во комуникацијата со луѓето. Разбирањето на пораките што другите невербално ги испраќаат, може да ви каже многу за нивните чувства, мисли и намери.
Флертот и додворувањето се афектни состојби на изразување допаѓање и симпатии кон одредена личност и се препознаваат по интензивни погледи и намерни насмевки. Па, имате ли храброст да флертувате?