Насмевнете му се на она што го гледате кога ќе погледнете во огледало, а ако не ви се допаѓа, би се изненадиле колкава е вашата способност да го промените одразот.
Одејќи по снегот ги остававме нашите стапки, како доказ дека сме биле тука, сме оставиле некаков белег, некаква трага, а јас секогаш се лутев што твоето ангелче во снегот беше поголемо и поубаво од моето.
Најубавите нешта во животот се бесплатни. Секој ден е исполнет со мали, слатки задоволства, кои најчесто се неочекувани, краткотрајни, но сепак даваат чувство на среќа и уживање. Тие се дарови од животот...
Повторно истите исцрпувачки мисли кои го окупираат мојот мозок. Повторно истата мелодија според која чука моето срце. Повторно истата тага и меланхолија. Јас сум истата, на истото место, во истото време.
Разменети насмевки, дискретни допири, невин флерт помеѓу двајца во толпата... Две енергии, две посакувања, две страсти... Филмот започна да се снима, а сценариото допрва ќе се пишува.
И после сè, ние сме само силуета, фигура од кал осудена да живее на два света, живееме чекорејќи на сите страни, горди на себе, прикривајќи ги своите мани.
Смеење... од самиот збор веќе малку ви заигруваат врвовите на усните, нели? Се смееме уште од самото раѓање и, верувале или не, тоа е една од најважните работи што ја правиме во текот на животот.
Честопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе.