Кога модната сезона ќе се смени, првото нешто што треба да се обнови е накитот. Гардеробата секогаш можете да ја носите неколку сезони, но накитот мора да ги следи трендовите.
Има уште неколку месеци пред да стигне летото, но тоа нема да ги спречи припадничките на понежниот пол да се подготват да изгледаат елегантно и модерно, а накитот ќе биде неизоставен моден додаток.
Изработката на накит е нешто што бара многу љубов, посветеност, трудољубивост и уметничка душа. На оваа тема поразговаравме со Ана, сопственик на Рабенда.