Иако секогаш брзаме и секогаш сме зафатени со милион обврски, па ретко си дозволуваме на нешто да се посветиме со цело срце и душа, постојат начини на кои сепак можеме да си ги извежбаме умот и телото да го бараат тоа од нас.
Човековиот ум има меморија и потсвесно може да следи шаблони на размислување и однесување, па кога тие шаблони ќе преминат во навика, тешко е таа навика да се искорени.
Едно знам, рутината навистина е добра. Ама некогаш е добро и да се биде спонтан. Ако ме прашувате мене, би се одлучила да балансирам меѓу животот со рутина и оној со спонтани дејствија.
Едно истражување на Харвард во кое учествувале 27.000 луѓе, покажало дека луѓето кои имаат поголем ризик за заболување на срцето, како превенција треба редовно да појадуваат.