Најпрво, беше интересно кога преку апликација можеше да се работи, да се оди на состаноци, да се плаќа... Денеска, се чини дека токму апликациите на мобилните телефони ја презедоа контролата врз животот.
Денес децата имаат мобилни телефони уште на возраст од 6-7 години, но вие сигурно се сеќавате на вашиот прв мобилен телефон кој веројатно бил од марката Нокиа и сте можеле да скршите глава со него.
Краткиот филм „I Forgot My Phone“ иронично ја прикажува болната вистина за нашата врска со технологијата, заради која често пропуштаме да ги доживееме врските со другите луѓе и едноставно да учествуваме во убавите моменти од кои сме дел.
Технологијата сè уште не достигнала до нејзините граници, а дизајнерите постојано измислуваат нови концепти кои тотално го менуваат корисничкото искуство и очекувањата од еден мобилен телефон.