Калифорниските плажи блеснаа во сино флуоресцентно светло. Верувајте, не се работи за никаков трик, туку за уште еден природен феномен, кој според биолозите, најверојатно се должи на големата црвена плима и на цутот на алгите.
Биолуминесцентноста претставува продукција на светлина од страна на живите организми како резултат на хемиска реакција. Погледнете ја оваа прекрасна блескаво-сина појава во водите на езерото Гипсланд во Австралија.