Оваа сезона карираниот дезен се врати во мода и освои многу дами. Овој принт ќе го направи секој аутфит попривлечен и позабавен. Затоа, на овој тренд тешко ќе му одолеете.
Есента и зимата се најпознати по палтата и капутите. Не само што нѐ одржуваат стоплени и изолирани од лудото време туку се и важен дел од целокупниот изглед.
Есента ја одбележуваат постудено време и чести дождови, па така тенките мантили се идеалното парче облека кое секоја жена мора да го има во својот плакар, за овој период од годината.