И покрај неверојатните достигнувања во астрономијата, архитектурата и математиката, цивилизација на Маите го дочекала својот крај пред околу 1.000 години.
Нивната цивилизација се издигнала и пропаднала неколку пати во последните 2000 години и всушност сè уште постои културата на бројни Маи кои го населуваат полуостровот Јукатан.
Постојат многу различни толкувања на астрологијата на Маите, но она што е познато е дека нивниот календар, т.н. Хааб, помеѓу останатото служи и за интерпретација на 19 хороскопски знаци, со кои се претставува циклусот на денови во годината.
Ниеден народ во историјата не бил толку многу заинтересиран за толкување на времето како што биле Маите. Тие буквално му биле робови на времето и затоа нивната астрологија се смета за една од најточните.