Сте слушнале ли за тортички на стапче? Налик на слатки мали лижавчиња, кои можете да ги направите во каква било боја или вкус. Неверојатно креативни и одлични за секоја прилика.
Секое од овие лижавчиња претставува по еден од најпознатите светски брендови, кои се лесно препознатливи. Најинтересно е што секое лижавче може да се јаде. Погледнете ги и погодувајте за кој бренд станува збор.