Иако овие ланчиња се носат во лежерни прилики, сепак тие лесно може да се транформираат во доста елегантен накит кој ќе ја надоплни вашата модна комбинација.
Мини саксии со цвеќе, ножички кои изгледаат како да го сечат остатокот од ланчето, коцка чоколадо, па дури и синџирче целосно направено од коса – ова се 22 креативни дизајни на овој вид накит.
Бисерите се поврзуваат со покласични прилики, соодветни се за елегантните вечери, отмените излегувања и гламурозните забави. Сепак, за повеќето девојки, бисерите станаа и неразделен дел од секојдневниот стил на облекување.
„Бесконечниот шал“ е совршен зимски накит, за сите оние девојки кои сакаат да експериментираат со уникатни модни стилови. Ќе ве загрева додека сте надвор, но и ќе ве украсува кога ќе го соблечете капутот.
Одличен и многу креативен начин како од вашите стари ланчиња да си направите ново. Нема да ви одземе многу време, ви треба само трпение и желба за старото да го претворите во ново.