Станува збор за несекојдневен маникир кој воедно е вистински тренд деновиве. Многу лесно можете здодевните еднобојни нокти да ги претворите во вистинска сензација.
Доколку имате боја на лак која ја обожавате и сакате сите да го забележат тоа, со овие тетоважи дефинитивно ќе го привлечете вниманието кон вашите нокти.
Маникирот кој ви го предлагаме изгледа слатко и паметно истовремено. Воедно нуди многу можности за експериментирање со формите и боите и прилагодување на мозаикот според моменталната инспирација на оние со четкичките во рака.
Доколку треба да се подготвите за излегување набрзина, а притоа сакате да изгледате впечатливо, овој маникир е одлично решение. Не ви е потребно ниту многу време ниту којзнае какви вештини.
Волшебниот мермерен ефект стана многу популарен кај женската популација, заради бескрајните можности за дизајнирање на ноктите на рацете. Сепак, техниката може да се примени и на многу други работи, на пример на јајцата за Велигден.