Во секојдневниот живот често се среќаваме со лажговци и сплеткари. Понекогаш тие кажуваат мали, а понекогаш големи и сериозни лаги кои може да ни го нарушат односот со другите луѓе.
Кога станува збор за лажењето, некои луѓе го прават тоа како професионални актери, додека другите никако не можат да го убедат соговорникот во нивната лага.
Сите ние се лажеме себеси секој ден и тоа нѐ спречува да го живееме животот што го заслужуваме и не ни дозволува да го достигнеме успехот што го посакуваме.