Сте се запрашале ли некогаш, како би изгледало кога би го свртеле дејството во филмот и од неговиот крај би направиле почеток? На овој начин, многу од филмовите би добиле среќни завршетоци.
Повторно истите исцрпувачки мисли кои го окупираат мојот мозок. Повторно истата мелодија според која чука моето срце. Повторно истата тага и меланхолија. Јас сум истата, на истото место, во истото време.
И после сè, ние сме само силуета, фигура од кал осудена да живее на два света, живееме чекорејќи на сите страни, горди на себе, прикривајќи ги своите мани.